Young female technician looking into microscope in medical laboratory

Подобрување на квалитетот на животот преку ослободување од чувствителноста на забите

 

Пандемијата COVID-19 влијаеше на квалитетот на живот (QoL) на многу луѓе ширум светот, вклучително и на пациентите кои доаѓаат во стоматолошка ординација, нарушувајки ја нашата секојдневна рутина. Ако не треба да го напуштите (или не можете да излезете од) домот за да одите на работа или училиште, ја нарушувате рутинита на миење заби двапати на ден и секојдневното чистење со конец. Исто така, кај поединци може да се зголеми количеството и видот на храна и пијалоци што се консумираат, а и да се зачести грицкањето. Дополнително, пандемијата беше стресна што придонесува за зголемување на бруксизмот кај пациентите. Овие промени може да имаат негативно влијание врз оралното здравје и се покажа дека дентинската хиперсензитивност негативно влијае на квалитетот на живот. Промените во навиките во исхраната и зголеменото грицкање исто така може да придонесат за зголемен ризик од кариес.

Преосетливоста на забите претставува остра, ненадејна болка што се чувствува кога забите со изложен дентин и отворени дентински тубули се изложени на надворешни дразби. Дразбата може да биде од допир, како на пример при четкање заби, конец или забен инструмент што го допира изложениот дентин; промени во температурата (како што се дишење на ладен воздух или пиење топол/ладен пијалок), слатка или кисела храна/пијалоци. Можни причини за изложеност на дентинот се: пародонтална болест, гингивална рецесија, ерозија, абразија и абфракција. Се проценува дека 50% од пациентите кои доживуваат хиперсензитивност не ја пријавуваат својата болка. Стоматолозите имаат единствена можност да помогнат во подобрувањето на QoL на своите пациенти при справување со дентинската хиперсензитивност. Подолу се дадени неколку чекори кои ке им помогнат на стоматолозите да разговараат за дентинската хиперсензитивност со пациентите кои не ја пријавуваат хиперсензитивноста како би им помогнале во справување со оваа состојба и да го подобрат нивниот квалитет на живот.

Во дискусијата за хиперсензитивност со пациентите, можеме да започнеме со вклучување на пациентите во разговор надвор од стандардните прашања како „дали чувствувате болка“. Наместо тоа, поставувајте прашања како „дали избегнувате да јадете одредена храна што предизвикува чувствителност на вашите заби“ или „дали избегнувате четкање на одредени области бидејќи предизвикува чувствителност“. Забележете ја реакцијата на пациентот на различни дразби, за време на посетата кај вас, на пример дали е чувствителен на работи како вшмукување, ултразвук, рачна инструментација или шприц за воздух/вода во одредени делови на забите? Не само што овие дразби би предизвикале непријатни чувства кај пациентот, туку исто така може да му отежнат на стоматологот да обезбеди оптимална нега.

Употребата на паста за заби адекватна за пациенти со дентална хиперсензитивност, како што е elmex Sensitive Professional, ја ублажува непријатноста и на најлесен начин им го решава проблемот на пациентите. Оваа паста за заби обезбедува моментално и долготрајно ослободување од чувствителноста и со тоа го подобрува квалитетот на живот.

Пандемијата COVID-19 постави многу предизвици во секојдневниот живот. Промените во рутините за орална нега, навиките во исхраната и зголемувањето на бруксизмот се некои од негативните влијанија што стоматолозите ги гледаат кај пациентите. Препораката на раствори за уста кои ја ублажуваат дентинската хиперсензитивност ќе има позитивно влијание врз квалитетот на живот (QoL) на пациентите. Бидејќи QoL веќе е под влијание на СОВИД-19, ова е еден мал начин да помогнете.