Секое дете заслужува да има иднина без кариес. За да им помогнеме на децата да развијат добри навики за орална нега кои ќе траат цел живот и ќе ги штитат од забен кариес, постојат две основни правила што треба да ги следиме.
Прво, ќе треба да ги вклучиме родителите или старателите во рутините за миење заби и да им дадеме до знаење дека е неопходно да се надгледува и помага миењето заби кај нивните деца додека тие не започнат ефективно да го вршат истото самостојно. Можете исто така да препорачате соодветна детска четка погодна за возраста на детето, која може да биде рачна (мануелна) четка. Родителите треба да проверат не само дали нивното дете навистина ги мие забите два пати на ден, туку и да ја надгледуваат техниката и да осигураат дека нема пропуштени области.
Второ, треба да се погрижиме родителите да разберат дека употребата на флуорирана паста за заби помага да се спречи појавата на кариес. Употребата на паста за заби со флуориди помага да се спречи деминерализацијата и исто така промовира реминерализација. Ова може да им помогне на децата со зголемен ризик за кариес, да го избегнат создавањето на истиот! Секако, на родителите треба да им се дадат совети за исхрана, вклучително и потребата за намалување на внесот на шеќери и минимизирање на грицките.
Кога одлучувате кои производи со флуориди да им ги препорачате на вашите пациенти, треба да направите проценка на ризикот од кариес соодветен за возраста заедно со возраста на детето за да го одредите типот на флуориди и концентрацијата што е наведена како и да препорачате соодветна паста за заби (како што е elmex kids 0-6 години детска паста за заби или паста за заби elmex Junior 6+ години).
Светската дентална асоцијација - FDI и Европската академија за детска стоматологија - EAPD, како и други дентални организации на меѓународно ниво имаат упатство за употреба и концентрација на флуориди во производите за орална нега. Овие организации ги разгледаа придобивките од флуоридите за деца на различни нивоа на ризик од кариес - низок, умерен и висок ризик. На пример, оние кои се изложени на поголем ризик се деца кои носат фиксни ортодонтски апарати, имаат исхрана богата со шеќери, лоши навики за орална хигиена или имаат други фактори кои го зголемуваат ризикот за развој на кариес.
Постојат неколку начини за поддршка на родителите во креирањето рутина за домашна орална нега што може да им помогне на нивните деца да имаат иднина без кариес:
1. Разговарајте со родителите и децата за да им го објасните ризикот од настанок на кариес кај детето и што значи тоа
2. Објаснете им на родителите колку е важно да се користи паста за заби со флуориди
3. Нагласете ја улогата на родителите во едукацијата на нивните деца и обезбедувањето практично водство за темелно четкање на забите со флуориди двапати дневно
4. Обезбедете приспособени совети за исхрана и на детето и на родителот, како што е исхрана со малку шеќери и кисела храна и пијалоци, како и избегнување чести грицки
Со давање на горенаведените упатства на родителите, можете да им помогнете ним за да им помогнат на своите деца да развијат добри навики за живот без кариес.